Husamedin Gina
13 Ноември 2019•Ажурирај: 15 Ноември 2019
СКОПЈЕ (АА) – „Пријателската и братска земја Северна Македонија, за жал до сега не ја даде очекуваната поддршка на Турција во борбата против терористичките организации", се истакнува во писменото соопштение на Амбасадата на Република Турција во Скопје, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Амбасадата на Република Турција во Скопје, во писменото соопштение посочи дека ќе ја продолжи борбата против тероризмот во границите и надвор од границите на земјата за да се обезбеди безбедноста на територијата каде што се наоѓа Турција.
„Оваа борба ќе продолжи со решителност против терористичките организации на чело со ФЕТО, ПКК/КЏК, ПЈД/ЈПГ, ДЕАШ и ДХКП-Џ, се додека не бидат уништени“, се истакнува во соопштението од амбасадата.
Во соопштението, исто така, се нагласува дека лицата од Северна Македонија кои сеуште работат за терористички организации и институции или оние кои сеуште ги поддржуваат, веќе нема лесно да влегуваат во Турција, како што влегуваа претходно.
„Пријателска и братска земја Северна Македонија, за жал до сега не ја даде очекуваната поддршка на Турција во борбата против терористичките организации. Особено по обидот за предавничкиот пуч на 15 јули, институциите и организациите на терористичката организација на ФЕТО (Заман Македонија, училиштата Јахја Кемал, МИБА, Шафак и фодндациите како што е Толеранс) се уште се активни во оваа земја. Турција ќе продолжи да се бори со овие организации се додека не добие резултати, особено ќе застане пред тие што се хранат од Турција, а гаѓаат врз Турција. Тие што работат во овие терористички организации и институции, или пак оние што сеуште ги подржуваат, веќе нема лесно да влегуваат во Турција, како што влегуваа претходно. Сакам оваа ситуација да ја знаат пријателите што се поврзани со Турција од душа“, се вели во соопштението на Aмбасадата на Турција во Скопје.
Во соопштението, исто така, се истакнува: „Република Турција во ова праведна човечка борба сака секогаш да ја води со пријателите и сака пријателските и братски земји да бидат до Турција. Што и да се случи Република Турција има волја и сила за да може сама да ја води оваа борба.“