Vesna Besiç
10 Март 2017•Ажурирај: 11 Март 2017
БЕЛГРАД (АА) - Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, ја поздрави вчерашната одлука на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој го одби барањето на Босна и Херцеговина (БиХ) за ревизија на пресудата против Србија од 2007 година и порача дека до ова воопшто не требало да дојде, јавува Anadolu Agency (AA).
„Ова е очекувана порака на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Србија од почетокот предупредуваше за тоа дека не постои правна легитимација за нова постапка на барањето за ревизија на тужбата против Србија“, истакна Дачиќ.
Тој потсети дека за тоа зборувале и српскиот и хрватскиот член на Претседателството на БиХ.
„Сметаме дека ова беше непотребен обид за дестабилизација на состојбите во БиХ, предизвикување политичка нестабилност во регионот, и ние можеме само да ја поздравиме ваквата одлука на Меѓународниот суд на правдата“, нагласи Дачиќ.
Српскиот министер за надворешни работи смета дека до ова воопшто не требало да дојде.