Stipe Majic
27 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
ЗАГРЕБ (AA) - По повод Меѓународниот ден на исчезнати лица, кој се одбележува на 30 август, во Загреб е одржан состанок на Регионалната координација на здруженијата на семејствата на исчезнатите лица од просторите на поранешна Југославија, јавува Anadolu Agency (AA).
Семина Алекиќ, претседавач на Управниот одбор на Регионалната координација на здруженијата на исчезнатите лица од поранешна Југославија, која собира претставници на здруженијата од Хрватска, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, истакна дека Меѓународниот ден на исчезнатите лица се одбележува на локално ниво на оваа организација, но и со централен настан, кој оваа година се одржува во Загреб и во текот на кој Регионалната конференција подготвила заедничка изјава за медиумите.
Заедничкото соопштение за јавноста е насловено под мотото „Институциите на државите од подрачјето на поранешна Југославија се обврзани да го вратат идентитетот на лицата исчезнати во воените судири".
„Регионалната координација на здруженијата на семејствата на исчезнатите од просторите на поранешна Југославија ја потсетува јавноста и одговорните претставници на институциите дека судбината на преку 11.000 исчезнати лица во текот на воените судири во 90-тите години се уште не е разјаснета. Многумина семејства безуспешно трагаат по своите најмили кои исчезнале од подрачјето на Хрватска, БиХ, Србија, Косово и Црна Гора. Прашањето на исчезнатите лица е најголемо хуманитарно прашање и проблем кој ги оптеретува сите граѓани во државите од регионот и тоа не е само прашање на семејствата на исчезнатите лица, туку човеково и цивилизациско право на исчезнатото лице да му се врати идентитетот и право на семејствата да ја дознаат вистината", порачано е во заедничкото соопштение.
Истакнато е дека регионалната координација бара од претставниците на власта на државите во регионот да вложат дополнителни напори и да ги исполнат обврските преземени со усвојување на законите за исчезнати по билатералните преговори, потпишани протоколи и декларации.
„Без решавање на судбината на исчезнатите лица во државите од регионот нема ниту напредок во градење на сигурно и мирно опкружување, а со самото тоа ниту подобра иднина", стои во заедничкото соопштение.
Алекиќ го поздрави заедничкиот потпишан рамковен план за решавање на прашањата на исчезнатите лица и решавање на судирите од подрачјето на поранешна Југославија, кој е потпишан од сите поединечни државни институции на 6 ноември 2018 година за да зајакне размената на информации.
Порачано е дека Регионалната координација по извршениот надзор на спроведувањето на рамковниот план и понатаму има причина за предупредување поради незадоволството во семејствата на исчезнатите и поради потребата на вршење понатамошен притисок на државните институции за да се извршат преземените обврски без успорување на процесите.
„По потпишувањето на рамковниот план во ноември минатата година приметен е напредок на регионалната соработка на државните институции", рече Алекиќ.
„Напредокот е приметен во размена на информациите за потенцијални локации на гробниците и во завршувањето на објавата на регионалната листа на исчезнати лица, за да се спречи со манипулации со бројот на жртвите", рече Алекиќ.
Бројот на исчезнати во Босна и Херцеговина изнесува повеќе од 7.000, во Хрватска околу 1.911, во Косово 1.645, додека Србија своите исчезнати ги бара во сите држави од регонот. Во текот на изминатата година на ниво на Република Хрватска решени се неколку случаи, а главен проблем е недостаток на информации.
„Ние сме аполитични и се надеваме дека државите политики ќе служат за забрзување на процесот на барање на исчезнатите, што подразбира јакнење на капацитетите", рече Алекиќ.
„Политиката е причината за нерешавање, но и решавањето на ова прашање, бројни сведоци починале или се плашат да изнесат информации поради страв за себе или за семејствата", порачано е од Регионалната координација на здруженијата на семејствата на исчезнатите лица од поранешна Југославија.
Станува збор за заеднички апел на сите семејства од подрачјата на поранешна Југославија до сите институции за конечна деполитизација на целиот процес. Политиката е таа која може да го реши прашањето на исчезнатите, додека институциите се оние кои го имаат оперативниот надзор.