Andelija Stojkovic
14 Мај 2019•Ажурирај: 14 Мај 2019
БЕЛГРАД (AA) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ разговараше денес со поранешниот командант на Копнената војска на САД за Европа, генерал-потполковникот Федерик Бен Хоџис за безбедносната ситуација во југоисточна Европа и регионот, како и за проблемите во дијалогот со Приштина, јавува Anadolu Agecy (AA).
Како што се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот, Вучиќ рече дека Србија ќе ја чува воената неутралност и дека како партнер во програмата на Партнерствоо за мир е спремна да придонесе за одржување на мирот и стабилноста во регионот, како и да одговори на заедничките безбедносни предизвици.
Вучиќ ја изрази намерата Србија да го продолжи дијалогот откако Приштина ќе ги повлече „противправните и антицивилизациските такси".
Генералот Хоџис рече дека долготрајната стабилност бара помирување и добрососедски односи и изрази полна поддршка на напорите кризата да се реши преку мирен пат, со почитување на нормите на меѓународното јавно право, како и за постигнатите регионални договори.
Генералот Хоџис, кој претстојува во дводневна посета на Белград, во рамките на која учествува на конференцијата „Србија и НАТО погледот во иднината" во организација на CEAS, вчера положи цвеќе во паркот Ташмајдан на спомен обележјето посветено на децата кои страдаа во текот на НАТО агресијата во 1999 година, се наведува во соопштението.