Kristina Maslareviç
03 Февруари 2016•Ажурирај: 04 Февруари 2016
БЕЛГРАД (AA) – Српскиот премиер Александар Вучиќ најави дека ќе присуствува на донаторската конференција за Сирија во Лондон, која ќе се одржи во четврток, кажувајќи дека очекува на тој собир да слушне некое решение, а не како досега, само она за што се противат, јавува Anadolu Agency.
”Се надевам дека ќе слушнеме решенија. За тоа прашање во потполност ја поддржуваме германската влада и напорите со кои се трудеше да пронајде решение, додека најголем број други гледаа само како да се заштитат себе си и своите партикуларни интереси, а не европските интереси и интересите на глобалната заедница", рече Вучиќ.
Коментирајќи ги наводите од медиумите дека дел од парите ќе биде пренасочен за Србија, каде дел од мигрантите би требало да се задржат, то рече дека парите кои се спомнуваат, неколку стотици милиони евра, се голем износ на пари за некој да ги даде, како и дека со самото прифаќање на тие пари би значело дека Србија прифаќа неколку стотици илјади луѓе да останат на нејзина територија.
"Србија за тоа нема можности.Србија ќе се однесува во склад со европските правила, Србија ќе го следи она што го прави Германија, ЕУ, а Србија да биде паркинг за било кого, не е, ниту ќе биде. Да имаме поголема економска сила, тоа би било во ред", рече Вучиќ
Тој додаде дека Србија е спремна да учествува и во квотата во системот со земјите на ЕУ, иако не е нејзина членка, како и дека на Србија не и се потребни пари, бидејќи неколку илјади луѓе секогаш може да ги вдоми, да покаже гостопримство, но не може ниту сака да издржува стотици илјади луѓе.
Германскиот амбасадор во Белград Аксел Дитман рече дека утрешниот самит се вклопува во начелото да се совлада бегалската криза заедно и дека ќе настојуваат во дискусијата да се пронајде некое решение за истата.