СКОПЈЕ (АА) - ФУРКАН АБДУЛА -
Специјалистката за содржина во Проектот за академска и научна соработка на Турција (ТАБИП), Еда Армут, истакна дека ТАБИП има за цел зголемување на трансферот на академското и научното знаење меѓу Турција и Балканот, и дека во овие рамки имаат за цел да дадат придонес во научната дипломатија.
Армут во разговор за Агенција Анадолија (АА) говореше на различни теми, како целите на ТАБИП, проектите што ги реализираат и нивните цели за во иднина.
Според неа, ТАБИП е проект кој е реализиран од страна на Институтот „Јунус Емре“, а е под покровителство на турското Претседателство.
„Нашата цел е од академска и научна димензија да ја промовираме Турција во светот, и обединување на професорите и студентите во странство и Турција. Вршиме активности во насока на интернационализацијата. Целта ни е да ги поврземе Турција и светот од академски и научен аспект“, рече Армут.
Таа нагласи дека ТАБИП веќе две години работи активно, и дека минатата година организирале летна школа за вселена и авијација на која учествувале студенти и од странство.
- „Имаме за цел да дадеме придонес во научната дипломатија“
Армут се осврна и на нивните планови за организирање активности и на Балканот.
„Во рамки на ТАБИП, планираме да имаме средби и соработка со различни универзитети како Меѓународниот балкански универзитет, Универзитетот во Белград и Меѓународниот универзитет во Сараево, со цел да ги вклучиме во нашата мрежа. Целта ни е зголемување на трансферот на академското и научното знаење меѓу Турција и Балканот, како и развивање на односите. Во овие рамки, имаме за цел да дадеме придонес во научната дипломатија“, истакна Армут.
Таа рече дека по потпишување на протоколите за соработка со овие универзитети во иднина, тие како ТАБИП ќе се насочат кон конкретни проекти.
„Ќе организираме работилници за студентите на овие универзитети. Покрај тоа, ќе овозможиме интензивен трансфер на знаењата меѓу Турција и Балканот“, нагласи таа.
- Промотивни програми за ТЕХНОФЕСТ во земјите од Балканот
Армут се осврна и на Фестивалот за воздухопловство, вселена и технологија ТЕХНОФЕСТ, нагласувајќи дека во балканските земји организираат промотивни програми за ТЕХНОФЕСТ.

„Вршиме работи за интернационализирање на ТЕХНОФЕСТ“, рече Армут, додавајќи дека неколку дена биле во посета на балканските земји за промовирање на овој фестивал.
„Во рамки на интернационализирањето на ТЕХНОФЕСТ, започнавме од Сараево. Започнавме со организирање активности за промовирање на ТЕХНОФЕСТ во Северна Македонија и Србија. Одржавме одлични активности на кои учествуваат околу 1.000 лица“, истакна таа, додавајќи дека исто и во Косово и Албанија организирале активности за промовирање на ТЕХНОФЕСТ.
Членот на Управниот одбор на Фондацијата на технолошкиот тим на Турција (Фондација Т3), Алпер Ѓузел, истакна дека овогодинешниот ТЕХНОФЕСТ ќе се одржи од 22 до 27 септември во турската област Газиантеп.
Ѓузел информираше дека во рамки на ТЕХНОФЕСТ ќе се организираат различни технолошки натпревари.
„Ќе има натпревари во 23 различни категории, меѓу кои робо-такси, беспилотни возила, беспилотни летала, роботи кои работат под вода, натпревари за дизајнирање летечки возила, натпревари за дизајнирање хеликоптери, натпревари за биотехнолошки иновации и др.“, рече тој.
Според него, веќе две години има голема за заинтересираност за ТЕХНОФЕСТ во Турција, и сакаат овој фестивал да го доведат до меѓународни димензии.
„Од Балканот сакаме да го доведеме ТЕХНОФЕСТ на едно меѓународно ниво. Затоа сме во Северна Македонија. Преку ТЕХНОФЕСТ, ние се фокусиравме на национален технолошки потег и работиме во оваа насока“ истакна Ѓузел.
Тој информираше дека во ИБУ во Скопје одржале многу плодна и одлична презентација, потсетувајќи дека аплицирањата за ТЕХНОФЕСТ завршуваат на 28 февруари.
„Учесниците нека се фокусираат на иднината, нека работат, нека знаат дека нивната земја е технолошки супериорна земја во иднината и нека продолжат да работат во оваа насока. Ние не треба да бидеме зависни од никого. Ние треба да бидеме целосно независни. Затоа му придаваме важност на ТЕХНОФЕСТ“, нагласи Алпер Ѓузел, член на Управниот одбор на Фондацијата Т3.
news_share_descriptionsubscription_contact
