Ali Murat Alhas
28 Август 2019•Ажурирај: 29 Август 2019
ИСТАНБУЛ (АА) - „Турција има посебно место во срцата на муслиманите, кои живеат во Балканскиот Регион“, истакна во разговор за Anadolu Agency (AA) Рахман Адеми, професор со потекло од Северна Македонија.
Адеми ја напушти својата татковина пред околу 30 години за да го продолжи своето високо образование во Турција. Тој со група студенти во 1987 година дошол во посета на Истанбул.
„Тоа беше прв пат кога го видов Истанбул. Бев маѓепсан, и сè уште се сеќавам на емотивниот допир што го создаде ова патување кај мене“, раскажа Адеми.
Тој дипломирал теологија на Универзитетот во Анкара во 1989 година. За време на неговиот престој во Турција, во неговиот роден крај се случија политички промени, вклучувајќи го и распадот на Југославија.
Тој укажа на раката на помош која Турција им ја испружи на муслиманите во Босна, и на другите.
И покрај промените во неговиот роден крај, неговиот престој во Турција стана благодат за Босна и Херцеговина. Тој работел како преведувач за Алија Изетбеговиќ, првиот претседател на Босна и Херцеговина, за време на неговата посета на Анкара.
Адеми рече дека силна и стабилна Турција не е важна само за Балканот, туку и за целиот муслимански свет.
Тој нагласи дека неуспешниот обид за државен удар во 2016 година во Турција бил обид за минирање на статусот и ставот на Турција. „Соборениот обид за државен удар е доказ за овој аргумент“, рече Адеми.
Адеми се присети на зборовите на неговиот вознемирен палестински пријател, кој ги следел настаните во вечерта на обидот за државен удар во Турција.
„Палестинецот беше загрижен за неговата судбина, како и за судбината на милиони Ујгрури, Сиријци, Ирачани, Авганци и други, кои се засолниле во Турција“, додаде тој.
Адеми рече дека по распадот на Османлискиот период, муслиманите во балканските земји се соочиле со неизвесна иднина. Според него, за да го нападнат османлиското наследство, овие земји се одмаздија на муслиманите.
„Поради тоа (став базиран на одмазда), ние живеевме во задушена клима. Од друга страна, Турција нуди модел на слободна средина. Тие не може да се споредат“, рече Адеми.