ТИРАНA (АА) – МАЛИК ХАСА - Турскиот амбасадор во Тирана, Хидајет Бајрактар, нагласи дека од Албанија очекуваат да преземе сериозни и конкретни мерки против ограноците на терористичката организација ФЕТО во земјата, и истакна: „Организацијата под водство на Фетула Ѓулен кој има завршено само основно училиште, е голема опасност и за националната безбедност на Албанија“.
Бајрактар во својата изјава за Anadolu Agency (АА) даде предупредување во врска со училиштата на ФЕТО во Албанија.
Тој нагласи дека во училиштата на ФЕТО во Албанија се вршат активности за перење мозок. Тој истакна дека овие активности предизвикуваат опасност за иднината на албанските деца и за иднината на албанската држава. Бајрактар рече дека ќе биде во корист ако семејствата и државата ова ќе го имаат предвид во овој период, кога се приближува запишувањето во училиштата.
Бајрактар истакна дека лицата дипломирани во училиштата на ФЕТО не ќе можат да го продолжат нивното високо образование во Турција, и дека лицата кои се дипломирани од универзитетите на ФЕТО не се прифаќаат како дипломирани.
Турскиот амбасадор наведе дека во училиштата на ФЕТО, особено во интернатите на овие училишта се вршат сомнителни работи. Тој истакна дека првата фаза на активностите за перење мозок ги започнуваат со зајакнување на пријателските врски меѓу децата со мирен карактер, кои ФЕТО на мала возраст ги има означено, и лицата кои се одговорни за овие деца во интернатите.
Амбасадорот Бајрактар нагласи дека оваа организација оди во домовите на овие деца, што учат во нивните училишта, од Улцињ до Саранда, и разговараат со нивните семејства и на овој начин стекнуваат доверба. Тие на семејсвата им упатуваат пораки како: вашите деца се во сигурни раце, ние ги обучуваме нив, ги заштитуваме.
Бајрактар истакна дека всушност ова е спротивно во реалноста: „Како што времето напредува, така тие на децата во интернатите им даваат одредени книги кои ја развиваат инфраструктурата на перењето мозок. Кога јасно се гледа дека има промена кај овие деца, на нив им се даваат книги на Фетула Ѓулен за читање во тајни простории. Во последните години на нив им се раскажува за организацијата ФЕТО, и на овој начин се навлегува (во мозокот) на децата во врска со тоа што може да се добие со ова. Овој процес завршува со заклетва на верност кон ФЕТО“.
- Интернатите и домовите се изворите на организацијата за стекување членови -
Бајрактар нагласи дека во училиштата на ФЕТО, кои во минатото дејствувале во Турција но биле конфискувани по 15 јули, откриле застрашувачки факти.
„На пример, на долниот кат на мензата во училиштето на ФЕТО во Измир, кое е познато како нивно најстаро училиште, е откриен тунел долг 250 метри. Исто и во горните ката на истото училиште се откирени соби чии врати биле камуфлирани со огледала. И во другите училишта и интернати на ФЕТО кои се наоѓаат во различни градови, се пронајдени скриени (тајни) соби и простории. Така што под маската на образованието вршат скриени, тајни и сомнителни работи. Во Албанија треба сериозно да се истражуваат овие училишта, и да се позанимаваат со нив, бидејќи организацијата е истата организација“.
„Училиштата, интернатите и нивите домови се главниот извор на ФЕТО што обезбедува образование од градинка сè до универзитет, за стекнување на членови. На дипломираните од средните училишта на ФЕТО им се даваат специјални стипенидии и универзитетите на ФЕТО им се прикажуваат како атрактивни. Им се презентираат можностите за интернати и домови. Всушност овие интернати и домови работат во прилог на стекнување на членови“, истакна Бајрактар и пренесе дека на дипломираните ученици од училиштата на ФЕТО во Албанија им се препорачуваат нивните универзитети, и на овој начин овие лица се обидуваат да ги имаат под надзор и контрола.
Бајрактар нагласи дека учениците и семејствата лично искажале дека квалитетот на образованието на училиштата на ФЕТО во Албанија паднал по обидот за државен удар на 15 јули од страна на ФЕТО, и истакна:
„Родителите на учениците, како и наставниците, ги напуштаа училиштата кога по неуспешниот обид за државен удар на 15 јули го открија вистинското лице на оваа организација. Овие училишта кои изгубија престиж се во паника во овој период на запишувања во училиштата. Трчат по интензивни реклами и легитимитет. Во училиштата на некој начин покануваат врвните државни имиња, и со тоа се обидуваат да остават впечаток како ‘видете, и владата има доверба во нас’. Државните функционери на Албанија треба да делуваат имајќи ги предвид фактите и чувствителноста на нивниот стратешки партнер, Турција, во врска со ова прашање. Албанија е во една позиција што треба да одлучи ‘ФЕТО или Турција’. “
- ФЕТО е опасна и за Албанија -
„Албанија е на врвот на листата на држави од Балканот во кои ФЕТО е најорганизиран. Некои образовни, здравствени, трговски институции, како и верските и невладините организации се инфицирани од вирусот ФЕТО“, нагласи турскиот амбасадор Бајрактар, истакнувајќи дека жали што имиџот на Албанија е нарушен во очите на Турција и на турскиот народ поради ФЕТО.
Амбасадорот Бајрактар нагласи дека од Албанија очекуваат да преземе сериозни и конкретни мерки против ограноците на ФЕТО во државата, и рече: „Институциите на ФЕТО во повеќе земји се затворени или се префрлени на други. Организацијата под водство на Фетула Ѓулен, кој има завршено основно училиште, е голема опасност и за националната безбедност на Албанија“.
Бајрактар пренесе дека Фондацијата „Маариф“, која е официјална институција на Турција, ќе ги отвори вистинските турски училишта во Албанија, и дека започнати се инфраструктурни работи во врска со ова. Тој истакна дека овие училишта со квалитетни наставници и материјали ќе обезбедат квалитетни образовни услуги за младите во Албанија, и дека дефинитивно нема да профитираат, и со тоа Албанците ќе добијат поквалитетна и поефтина услуга во образованието.
Турскиот амбасадор на крај додаде дека на институциите на ФЕТО кои управуваат со лажните турски училишта им се забранети употребата на турското знаме како и турските симболи.