Fatjon Cuka
11 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
ТИРАНА (АА) - Според официјалните податоци на Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија, со потврдувањето на 17 нови случаи, бројот на заболени од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во земјата порасна на 433, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството во официјално соопштение потврди дека 259 сомнителни лица биле тестирани во последните 24 часа, од кои 17 биле позитивни на Ковид-19.
„Досега се тестирани 3.644 сомнителни случаи и од нив 433 се потврдени како позитивни на Ковид-19. Досега 23 граѓани ја изгубија битката со оваа болест. Во последните 24 часа, на списокот на закрепнати лица се додадени уште 15 пациенти, со што бројот на излекувани лица од Ковид-19 стигна до 197“, се вели во соопштението.
Исто така, Министерството за здравство и социјална заштита ги повика граѓаните да продолжат да ги почитуваат мерките за социјално дистанцирање.
„Важно е мерките за контрола на заразата максимално да се почитуваат дури и во рамките на семејните кругови, избегнувајќи ги семејните посети од која било причина, за да се спречи преносот на Ковид-19“, се вели во соопштението на Министерството.
Се додава дека на терен продолжува работата за идентификување нови случаи и за следење на контактите на потврдените позитивни случаи.