Şenhan Bolelli
11 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
МАДРИД (АА) - Во последните 24 часа од пандемијата на новиот вид коронавирус Ковид-19 во Шпанија починаа 510 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи се зголеми на 16.353, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Шпанија ги ажурираше информациите за Ковид-19.
Според тоа, бројот на смртни случаи од Ковид-19 се намали на 510, а вчера од коронавирусот починаа 605 лица.
Денешната регистрирана бројка е најмала од аспект на дневните смртни случаи кај пациенти со Ковид-19, од 23 март. Вкупниот број на луѓе што починаа во епидемијата до денес е 16.353 лица.
На 23 март од коронавирусот починаа 462 лица, на 24 март 514, на 25 март 738, на 26 март 655, на 27 март 769, на 28 март 832, на 29 март 838, на 30 март 812, на 31 март 849, на 1 април 864, на 2 април 950, на 3 април 932, на 4 април 809, на 5 април 674, на 7 април 743, на 8 април 757, на 9 април 683 и на 10 април 605 лица.
Од друга страна, бројот на потврдени случаи со Ковид-19 се зголеми на 161.852, со пораст од 4.830.
Покрај тоа, бројот на излекувани пациенти од Ковид-19 и пуштени од болница се зголеми на 59.109, со зголемување за едно деноноќие од 3.441.
Во автономната администрација на Мадрид, најпогодена од вирусот, бројот на починати се зголеми на 6.084, со пораст од 112 за последните 24 часа.
Бројот на случаи во градот исто така се зголеми за 1.066, со што вкупната бројка се искачи на 45.849.
Исто така наведено е дека во автономната администрација на Каталонија починале вкупно 3.331 лице од Ковид-19. По Мадрид, во Каталонија има најголем број смртни случаи.
Во меѓувреме, шпанската Влада соопшти дека граничните контроли со Португалија и Франција ќе продолжат уште 14 дена, поради вонредната состојба која е продолжена до 26 април како дел од борбата против вирусот Ковид-19.
Владата ќе им овозможи на некои деловни линии во индустријата да работат повторно по двонеделната пауза, почнувајќи од понеделник (13 април), со цел економијата да биде што помалку оштетена од епидемијата на Ковид-19.
Покрај тоа, Министерството за здравство ги советува вработените да користат маски на улиците и работните места. Исто така од Министерството најавија дека ќе започнат со делење бесплатни маски на постојките за јавен превоз.