Cemil Murat Budak
11 Април 2020•Ажурирај: 12 Април 2020
АНКАРА (АА) - Откако започна 48-часовниот полициски час во Анкара, главниот град на Турција, во рамките на борбата против новиот вид коронавирус Ковид-19, улиците и плоштадите останаа празни, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со воведувањето на 2-дневниот полициски час од страна на Министерството за внатрешни работи движењето на пешаците и возилата во Анкара се намали на најниско ниво.
Полициските екипи што патролираат на плоштадите, главните улици и на споредните улици, од синоќа во 00:00 часот од кога е воведен полицискиот час ги предупредуваат лицата што излегуваат на улица и ги испраќаат во нивните домови. Некои лица ги казнуваат поради непочитување на правилата.
Во меѓувреме, безбедносните службеници во Кизилај, во Анкара, ги хранат гулабите кои не можеа да најдат храна во паркот „Гувен“.
Во Турција е воведен полициски час во 31 турска област преку викендот со цел да се спречи ширењето на коронавирусот (Ковид-19).
Бројот на починати од вирусот во земјата се зголеми на 1006 лица, а детектирани се вкупно 47.029 заразени. Досега излекувани и отпуштени од болница се 2.423 лица.