Fatjon Cuka
20 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
ТИРАНА (АА) - Бројот на потврдени случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Албанија се искачи на 70 лица, вклучувајќи ги двајца починати, додека продолжуваат тестирањата за сомнителните случаи, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија се нагласува дека по тестирањата на последните десетици случаи, потврдени се 6 нови случаи со Ковид-19.
„Во последните 24 часа беа тестирани 35 сомнителни лица, од кои потврдени се 6 нови случаи со Ковид-19. Од нив 5 случаи се од Тирана и еден е 82-годишен пациент од Фиер. Досега беа тестирани 732 сомнителни случаи, од кои вкупно 70 се позитивни на Ковид-19“, се вели во ова соопштение.
Се истакнува дека 50 од овие случаи се откриени во Тирана, 7 во Фиер, 5 во Драч, и по 2 случаја се откриени во Елбасан, Рогожина, Каваја и Лушње.