Yeşim Sert Karaaslan
20 Март 2020•Ажурирај: 23 Март 2020
АНКАРА (АА)
– Јешим Серт КАРААСЛА
Лекарите советуваат дека здравите луѓе не треба да користат дополнителна поддршка за да се заштитат од новиот вид коронавирус (Ковид-19), кој се појави низ целиот свет, а оние кои имаат дефицит на некој витамин во своето тело, препорачливо е тој витамин или минерал да го земаат како додаток, јавува Агенција Анадолија (АА).
Членот на научниот комитет „Коронавирус“ при Министерството за здравство на Турција и член на Универзитетот во Анкара, проф. д-р Алпај Азап, во изјавата за АА даде информации за најчестите грешки за новиот тип коронавирус, за кои се мисли дека се вистини.
Професорот Азап, истакнувајќи ја важноста на точните информации во борбата против Ковид-19, кој се појави во Вухан, Кина, и за кој беше прогласена пандемија од Светската здравствена организација (СЗО), рече дека е потребно да се следат правилата за хигиена, мерките за претпазливост и карантин објавени од Министерството за здравство на Турција.

- „Маската ја губи заштитната функција кога ќе се испере“
Проф. д-р Азап ги наведе прашањата кои најмногу се поставуваат во врска со Ковид-19.
ГРЕШКА: Поради тоа што Ковид-19 може да се најде во зеленчукот и овошјето кои се јадат заедно со лушпите, прво треба да се излупат, потоа да се јадат, додека другите треба да се избегнуваат.
ВИСТИНА: Во однос на Ковид-19 нема податоци кои покажуваат дека јадењето овошје и зеленчук со нивните лушпи го зголемува ризикот од заболување. Во согласност со општите правила за чистење, овошјето може да се измие и да се консумира со нивните лушпи.
ГРЕШКА: За да се заштитите од Ковид-19, по излегувањето облеката мора да се дезинфицира.
ВИСТИНА: Не постои превентивен и рационален аспект на примена на дезинфекција по излегувањето. Доволно е облеката да се испере како што тоа го правиме вообичаено, откако ќе стане нечиста.
ГРЕШКА: Не е можно да се заштитите од вирусот.
ВИСТИНА: Може да се заштитите од вирусот ако ги применувате одредените правила. Многу е важно да се следат правилата на изолација, особено кај луѓе кои имаат можна или конечна дијагноза, за да не се шири болеста и за да се обезбеди заштита за блиското опкружување на пациентот.
ГРЕШКА: Маските наречени хируршки или дефинирани како нормални маски може да се перат и повторно да се користат, откако веќе ќе се користат во текот на денот.
ВИСТИНА: Хируршките маски имаат времетраење од 3-4 часа и треба да се заменат кога ќе се извалкаат и кога ќе се навлажнат. Кога маската се пере, таа ја губи заштитната функција.
ГРЕШКА: Со цел да се зголеми отпорноста на телото, здравите лица исто така треба да земаат витамински и додатоци за зајакнување на имунитетот.
ВИСТИНА: Здравите лица не треба да земаат дополнителни додатоци. Доволно е секој поединец да ги следи правилата како што се соодветно спиење, урамнотежена диета и редовно физичко вежбање. Користењето дополнителен додаток не придонесува за превенција на болеста. Само оние кои имаат дефицит на некој витамин во своето тело, треба да го земаат тој витамин или минерал однадвор.“