Şenhan Bolelli
20 Март 2020•Ажурирај: 21 Март 2020
МАДРИД (АА) - Од новиот тип коронавирус (Ковид-19) во Шпанија, во последните 24 часа починаа 235 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Директорот на Центарот за координација на предупредувања и услуги за итна здравствена помош при шпанското Министерство за здравство, Фернандо Симон, соопшти дека вчера починале 235 лица, со што вкупниот број на починати е зголемен на 1.002. Бројот на заразени е зголемен за 2.833 и изнесува 19.980.
Симон изјави дека 1.141 пациент се наоѓаат на одделите за интензивна нега.
„Во болниците моментално се наоѓаат 10.542 лица“, изјави Симон.
Тој додаде и дека бројот на починати во Мадрид е зголемен на 590, а вирусот е потврден кај 7.165 лица.
Со оглед на недоволните капацитети во болниците во Мадрид, заразените се преместени во некои хотели во градот.
Пандемијата на коронавирусот доведе и до економска криза во Шпанија. Многу фирми најавија отпуштање на работниците, а анкетата на весникот „Ел Паис“ (El Pais) покажува дека половина Шпанци се загрижени дека ќе останат без работа.