Fatjon Cuka
04 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ТИРАНА (АА) - Во Албанија откриени се уште 8 случаи со новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број на откриени случаи во земјата се искачи на 803, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку соопштение ја потврди Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија.
Во соопштението се нагласува дека во последните 24 часа биле извршени 140 тестирања за Ковид-19, од кои 8 биле позитивни.
„Од почетокот досега откриени се 803 случаи со Ковид-19 низ земјата, од кои 68 отсто моментално се излекувани. Во земјата моментално има 229 активни случаи. Поголемиот дел од пациентите се лекуваат од страна на матичен лекар или пак се асимптоматски“, се наведува во соопштението.
Според министерството, епидемиолошката состојба во земјата моментално е стабилна и со ниска стапка на позитивност во споредба со вкупниот број на извршени тестирања.
Инаку, во Албанија досега од Ковид-19 починаа вкупно 31 лице.