Mustafa Melih Ahıshalı
04 Мај 2020•Ажурирај: 04 Мај 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Како последица на вирусот Ковид-19, во Иран, во текот на изминатите 24 часа починаа уште 74 лица, со што бројот на смртни случаи во земјата е зголемен на 6.277, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство на Иран, Кијануш Џиханпур, соопшти дека во текот на изминатото деноноќие од Ковид-19 починале 74 лица.
Џиханпур, наведувајќи дека вкупниот број на смртни случаи во земјата се зголемил на 6.277, рече дека бројот на заболени се искачил на 98.647, со зголемување од 1.223 во последните 24 часа.
Тој истакна дека 2.676 пациенти се во критична состојба, и дека досега во земјата излекувани и отпуштени од болница се вкупно 79.397 лица.
Во Иран, вирусот Ковид-19 првпат беше откриен во градот Ком на 19 февруари.