Ekipa
07 Март 2017•Ажурирај: 07 Март 2017
ПРЕШЕВО (АА) - Претседателот на Република Албанија, Бујар Нишани, денес е во посета на општините Прешево и Бујановац, по повод прославувањето на Денот на наставниците, со наставниците, учениците и нивните родители во овие општини, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на неговиот престој во општините Бујановац и Прешево, Нишани ќе оствари одделни средби со лидерите на овие општини и ќе го посети основното училиште во Трновац.
Исто така, за време на посетата албанскиот претседател ќе учествува во културно-уметничките активности организирани од страна на општините по повод Денот на наставниците.
Нишани во општина Прешево ќе присуствува на културно-уметничка програма организирана од страна на Домот на културата „Абдула Крашница” во Прешево.