Kristina Maslareviç
03 Јануари 2016•Ажурирај: 04 Јануари 2016
ПРЕШЕВО (АА) - Дијана од Швајцарија и Адис од Словенија се запознале при пружањето помош на бегалците од Блискиот Исток, а по пријателувањето извесно време, се венчаа во Прешево, во градот каде што за прв пат изразија блискост, јавува Anadolu Agency (AA).
Прв пат во животот се сретнале во Хрватска, во селото Бабска, но поради Дијаниното заминување во Прешево, каде што се вклучила на многу други активисти од целиот свет во пружањето помош на бегалците, се разделиле откако се запознале.
Набрзо, по Дијана, во Прешево се упатил и Адис Имамовиќ и нивното дружење, кое набрзо прераснало во љубов, продолжи во овој град на југот на Србија, во близина на границата со Македонија.
"Се запознавме на еден штанд каде што им помагавме на бегалците. Одлучивме да се венчаме во Прешево, бидеќи Адис овде и ме побара за жена", рече за АА невестата Дијана Худ.
Венчавката на парот, кој го спои една од најголемите светски мигрантски кризи, одржано е во локално кафуле во Прешево, а младенците сакаа тоа да биде едноставно. Подготовките за почеток на заедничкиот живот, Дијана и Адис ги извршија во алтернативниот простор во близина на самото кафуле.
"Низ Прешево поминаа 350 млади од целиот свет кои помагаа во згрижувањето на бегалците. Многу сме среќни поради оваа свадба, нивната љубов е многу убава приказна, а венчавањето е убав настан. Навистина сме среќни поради тоа", рече Валон Арифи од здружението "Младите за бегалците" во Прешево.
Својата работа како активисти и пружањето помош на бегалците, како што наведоа Дијана и Адис, ќе го продолжат и по склопувањето на бракот.