Furkan Abdula
30 Август 2020•Ажурирај: 31 Август 2020
СКОПЈЕ (АА) - Амбасадите на Турција во Скопје, Тирана и Приштина, објавија порака по повод 30-ти Август – Денот на победата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во порака објавена на официјалните профили на Фејсбук на Амбасадата на Турција во Скопје, амбасадорот Хасан Мехмет Секизќок, истакна: „Со гордост ја одбележуваме 98-годишнината од 30-ти Август, Денот на победата, кога волјата на турската нација за заштита на својата татковина и независност во историјата е врежана со златни букви.“
„Со милост и благодарност се сеќаваме на Мустафа Кемал Ататурк, кој ја подари Големата победа на турската нација, неговите другари и сите херои на оваа победа. Нека е честит Денот на победата“, порача Секизќок.
Во пораката објавена на официјалниот профил на Фејсбук на Амбасадата во Тирана, стои: „По повод 98-годишнината од Денот на победата, 30-ти Август, би сакале да им се заблагодариме на нашите херои (шехиди) кои ги жртвуваа своите животи за нашата земја, особено на основачот на нашата Република Гази Мустафа Кемал Ататурк. Нека им е благословена душата. Честит 30-ти Август - Денот на победата.“
И Амбасадата на Приштина упати честитка преку својот профил на Фејсбук: „Со голем ентузијазам и гордост ја одбележуваме 98-годишнината од нашата Голема победа реализирана од големата турска нација и нашата херојска Армија под водство на врховниот командант Гази Мустафа Кемал Ататурк.“
Во пораката, се наведува дека Мустафа Кемал Ататурк и неговите другари и покрај сите тешкотии и сиромаштија со пожртвуваност и решеност ја крунисаа борбата за стекнувале на независноста.
„Зад 30 август – Денот на победата, која е името на подемот на нацијата што се сакаше да се избрише од сцената на историјата, стојат херои кои ги жртвуваа своите животи без да трепнат со своите очи. Исто како што херојската турска армија, со своите длабоко вкоренети традиции, национални, духовни вредности постапи со решителност да ја заштити својата татковина и нација во најтешките времиња, денес со истата решителност и одлучност, со можностите засновани врз нашата домашна и национална одбранбена индустрија, продолжува да придонесува кон безбедноста, мирот и стабилноста во нашиот регион и во светот, како ефективна и почитувана сила.“
Во соопштението се потенцира дека одбележувањето на 30 август - Денот на победата, во Косово, пријателска и братска земја со која имаме длабоки историски и културни врски, е посебна среќа.
„Нашите херојски војници, како и во многу места во светот, и во Косово заедно со нашите сојузници и партнери во НАТО продолжуваат да работат за мир и стабилност во рамките на КФОР, а исто така да ги поддржува безбедносните сили на Косово на билатерална основа“, се нагласува во соопштението.
На овој посебен ден, со почит и благодарност ги споменуваме Мустафа Кемал Ататурк и неговите соборци, кои своите животи ги посветија на единството и интегритетот на турската нација, се наведува во соопштението на Амбасадата на Турција во Приштина и се додава:
„Се надеваме дека пандемијата ќе заврши наскоро и 30 август – Денот на победата ќе ја славиме со нашите пријатели и сограѓани во Косово. Среќен 30 август Денот на победата.“