Mehmet Hatipoğlu
22 Декември 2017•Ажурирај: 23 Декември 2017
АТИНА (АА) - Пред Апелациониот суд во Атина експлодираше бомба, јавува Anadolu Agency (AA).
Официјалните лица потврдија дека торбата во која била сместена бомбата била оставена на влезот во судот во улицата Лурареос, во центарот на грчкиот главен град.
Бомбата експлодираше во раните утрински часови. На зградата на судот и стамбените објекти во близина е причинета материјална штета.
Локалните медиуми соопштија дека неидентификувано лице, пред експлозијата, дојавило дека за 35 минути ќе експлодира бомба. По дојавата полицијата презеде сеопфатни безбедносни мерки.
Никој не презеде одговорност за нападот.