Cuneyt Davut
12 Април 2016•Ажурирај: 12 Април 2016
ИДОМЕНИ (АА) – Група бегалци од бегалскиот камп во гратчето Идомени, на грчко-македонската граница, не дозволи премин на воз низ меѓународната пруга, јавува Anadolu Agency (AA).
Група бегалци од бегалскиот камп во градот Идомени не дозволи премин на воз преку меѓународната пруга, кога тој се приближи до кампот, со тоа што лежеа и седеа долж шините.
Од грчката полиција, која претходно побара преместување на бегалците од железничката пруга и отстранување на шаторите од напуштените вагони, немаше никаква интервенција. По инсистирањето на бегалците да го блокираат патот на возот, по кусо време возот се врати назад и се оддалечи од кампот.
Во меѓувреме, бегалците од кампот одат кон македонската граница, на позиции на кои се поставени македонските безбедносни сили, и повремено имаат вербални пресметки.
Околу 12.000 бегалци сместени во бегалскиот камп во градот Идомени, во тешки услови за живот, го очекуваат отворањето на границата, која повеќе од еден месец е затворена.