Ayhan Mehmet
04 Април 2018•Ажурирај: 04 Април 2018
АТИНА (АА) – Во главниот град на Грција, Атина, вечерва пред амбасадата на Израел се одржани протести во знак на поддршка на Палестина, јавува Anadolu Agency (AA).
Протестот го организираа Палестинците кои живеат во Атина, како и неколку грчки левичарски невладини организации и движења.
Собраните порачаа дека остро ги осудуваат нападите на израелските војници врз демонстрантите во Појасот Газа во кои, во претходните денови загинаа 19 Палестинци.
Нагласија дека Палестинците не се сами и дека на крајот сигурно ќе победат во својата борба за слобода и човекови права. Демонстрантите носејќи знамиња на Палестина извикуваа „Израел е убиец" и „Слобода за Палестина."
Протестот кој траече околу три часа завршен е без инциденти.
Потсетуваме, во нападите на израелските војници од петокот се убиени најмалку 19 Палестинци, додека повеќе од 1.500 се ранети.