Diyar Güldoğan
07 Септември 2022•Ажурирај: 07 Септември 2022
БЕЛГРАД (АА) - Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска е пречекан со официјална церемонија пред Палатата на Србија во главниот град Белград, на вториот ден од неговата балканска турнеја низ трите земји, Босна и Херцеговина, Србија и Хрватска, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ердоган и неговиот српски колега Александар Вучиќ ќе одржат состанок, а ќе се одржи и меѓуделегациска средба, по што ќе следува заедничка прес-конференција.
За време на разговорите ќе бидат разгледани сите аспекти на билатералните односи и чекорите за унапредување на соработката во различни области. На дневен ред ќе бидат и случувањата на Балканот и меѓународните прашања.
Ердоган подоцна ќе присуствува на Бизнис-форумот Туркије - Србија и ќе го посети белградскиот замок.
Ердоган вчера со посетата на Босна и Херцеговина ја започна својата балканска турнеја низ три балкански држави. Последна станица ќе му биде Хрватска, каде што ќе престојува утре.
Балканот е приоритет за Туркије не само од политички, економски и географски причини, туку и поради нејзините историски, културни и човечки врски со регионот.