Can Erözden
07 Ноември 2019•Ажурирај: 07 Ноември 2019
АНКАРА (AA) - Турција упати критики до раководното тело на европскиот фудбал, УЕФА, поради дискриминаторскиот третман кон турската репрезентација и клубовите поради војничкиот поздрав, јавува Anadolu Agency (AA).
Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, на прес-конференцијата во турскиот главен град, Анкара, рече дека УЕФА треба да биде свесна за тоа.
„Кога станува збор за Турција и турските спортисти, ставот [на УЕФА] се менува“, рече Ердоган, потенцирајќи дека европското фудбалско тело не треба да дозволи спортот да се политизира преку нивните погрешни одлуки.
Тој рече дека потегот на УЕФА, кој ја атакуваше солидарноста на турските спортисти кон турската Армија, покажува една очигледна незаконитост, бидејќи ова оддавање почит го карактеризираат како „провокативно политичко однесување“.
Ердоган додаде дека турските спортисти што ја претставуваат својата земја во странство се соочиле со систематска кампања на линч од почетокот на турската прекугранична антитерористичка операција „Извор на мирот“.
Турските спортисти во сите спортови, а особено во фудбалот, поздравуваа со војнички поздрав во чест на турските војници кои се на линијата на фронтот.
Турција на 9 октомври ја започна операцијата „Извор на мирот“ за елиминирање на терористите од северна Сирија, со цел обезбедување на турската граница и безбедно враќање на сириските бегалци, како и осигурување на сирискиот територијален интегритет.
Ердоган се осврна и на поздравот на францускиот фудбалер Антоан Гризман кон францускиот претседател, Емануел Макрон, во Москва, по успехот на францускиот национален тим на Светското првенство на ФИФА 2018 година.
Напаѓаот на Барселона не се соочи со истрага од УЕФА.
Инаку, во октомври, УЕФА започна истрага по квалификациите за ЕУРО 2020 во Истанбул и Франција, каде што турските играчи со војнички поздрав ги прославија головите.
Оваа истрага беше побарана од Франција.