Vesna Besiç
25 Октомври 2018•Ажурирај: 25 Октомври 2018
ВЕЛИКА КЛАДУША (AA) - Во полициска интервенција, мигрантите кои се наоѓаа на границата на Босна и Херцеговина и Хрватска, поместени се на околу 100 метри од границата, јавува Anadolu Agency (AA).
Интервенираше и Брза помош бидејќи меѓу мигрантите има и повредени. Полициски службеници наредија миграните да ги отстранат шаторите кои се наоѓаа во непосредна близина на мостот, поточно на границата помеѓу БиХ и Хрватска, на кој цел ден се наоѓаа припадници на полицијата на двете земји.
Полицијата, како што можеше да се види, приведе и неколку лица.
Граничниот премин Маљевац се уште е блокиран, а на границата уште се наоѓаат припадници на хрватската полиција, кои поставија и метална ограда.
Потсетуваме, од утринава неколкупати доаѓаше до туркање на полицијата и мигрантите на граничниот премин, при што се повредени неколку лица.
Ситуацијата во подрачјето околу граничниот премин меѓу Босна и Херцеговина и Хрватска беше напната. Мигрантите не се откажуваат од настојувањето да преминат во соседна Хрватска, додека полицијата се труди да ги спречи во таа намера.
Претходно, мигрантите го пробија првиот кордон на припадниците на граничната полиција на БиХ и се пробија до вториот кордон на гранината полиција на БиХ. На овој начин меѓу 150 и 200 мигранти се најдоа на мостот кој од БиХ води кон граничниот премин во Република Хрватска.