Bedrudin Brljavac
06 Ноември 2021•Ажурирај: 09 Ноември 2021
САРАЕВО
Федералната управа за цивилна заштита предупреди на опасност од неексплодирани смртоносни средства на поплавените подрачја во Босна и Херцеговина (БиХ), јавува Агенција Анадолија (АА).
„По повлекувањето на водата од поплавените површини зголемен е ризикот за пронаоѓање неексплодирани смртоносни средства што поројот ги донел во населените подрачја. Вчера тимовите за отстранување експлозивни средства на Федералната управа за цивилна заштита интервенираа во три наврати по пронаоѓањето на неексплодираните смртоносни средства што водата ги донела во населбите, а се очекува дека во наредните денови ќе има уште. Поради тоа ги предупредуваме граѓаните доколку забележат каков било сомнителен предмет што би можел да биде неексплодирано смртоносно средство истиот да не го допираат или преместуваат туку видливо да го обележат и да го известат Оперативниот центар за цивилна заштита на бројот 121 или надлежната полициска станица по пат на телефонскиот број 122“, се наведува во соопштението на Федералната управа за цивилна заштита.
Тимовите за отстранување на експлозивните средства на Федералната управа за цивилна заштита се спремни да ја отстранат опасноста што можат да ја претставуваат неексплодираните смртоносни средства на поплавените подрачја.