Almir Terzic
15 Февруари 2016•Ажурирај: 16 Февруари 2016
САРАЕВО (АА) - Членката на Европскиот парламент Тања Фајон рече дека 15-ти февруари 2016 година ќе се запише во историјата на Босна и Херцеговина (БиХ) како ден кога државата со поднесување на барање за членство во Европската унија, ја потврди својата желба да се придружи на европското семејство, јавува Anadolu Agency (AA).
„И честитам на БиХ и на нејзините граѓани, и јас верувам дека ова е голем ден за БиХ и ЕУ но најголем за граѓаните, бидејќи тие се срцето на европската интеграција. Ова е важен чекор за БиХ, повеќе од шест години по воведувањето на визната либерализација, со кој се отвора патот за нови придобивки за БиХ и овие придобивки ќе се зголемуваат со самиот напредок на процесот на интеграција”, изјави Тања Фајон, членка на Европскиот парламент.
Таа истакна дека ова е голем чекор, а тоа подразбира дека е инвестирано многу работа и напор, а уште повеќе се очекува од БиХ во иднина.
„Картата на новиот пат кон ЕУ, прилагодена на условите во БиХ, ја зацртавме кон крајот на 2014 година и тоа сè уште претставува еден заеднички компас за ЕУ и Босна и Херцеговина. Очекувам дека сите оние кои се одговорни за напредокот на БиХ ќе вложат максимални напори со цел да да се постигне што побрз напредок”, рече Фајон.