Bojana Stojanovic
30 Август 2018•Ажурирај: 31 Август 2018
БЕЛГРАД (AA) - Претседателката на Владата на Србија, Ана Брнабиќ, по повод Меѓународниот ден на исчезнатите, порача дека судбините на 10.281 исчезнати лица од просторите на поранешна Југославија мора да бидат решени со заеднички сили на сите држави во регионот, јавува Anadolu Agency (AA).
На Конференцијата во Белград, што ја организираше Координацијата на српските здруженија на семејствата на исчезнатите во соработка со Меѓународниот комитет на Црвениот крст, кажано е дека 10.281 лице од просторите на поранешна Југославија се водат како исчезнати, дека српските жртви сочинуваат третина, оти од Босна и Херцеговина како исчезнати се водат 6.606 лица, од Хрватска 2.027, а од Косово 1.648 лица.
Претседателката на Владата на Србија, Брнабиќ, рече дека, денеска кога се одбележува Меѓународниот ден на исчезнати лица е еден од најтешките денови во светот.
„За нашето општество, независно од тоа дали во Хрватска, Косово, важно е сите приказни и судбини да бидат изречени и да останат забележани како дел на колективното паметење и како потсетник дека не смееме да престанеме да ги бараме исчезнатите и дека не смееме да ги повториме овие страшни злосторства“, рече Брнабиќ.
Како што оцени, тажно е, но и реалност, толку децении, не само што не се истражени судбините на исчезнатите, туку и за тие судбини не смее слободно ниту да се говори.
„Семејствата на исчезнатите лица мора да почувствуваат дека остатокот на нашата заедница е свесен за нивната загуба со која сочувствуваме, а ние како држава треба да пружиме помош, да овозможиме надлежните тела да добијат што подобри услови за работа“, рече Брнабиќ.
Како што објасни, државата ќе направи сè што е можно соработката со останатите надлежни тела во регионот да се зголеми колку што тоа е во нејзина можност, тоа да не биде политичко, туку цивилизациско прашање.
„Тоа е прашање на достоинство на едно општество, на начинот на кој тоа ќе ја одреди својата иднина“, додаде Брнабиќ.
Според неа, без затворање на ова поглавје и општеството во Србија, кое направило многу, но и сите општества во опкружувањето нема да бидат во состојба да го надминат минатото и да се свртат кон иднината.
„Исчезнатите и нивните семејства не смеат да бидат заложници на неуредените политички односи меѓу државите и општествата во регионот, бидејќи ако овој регион е заеднички, тогаш заеднички и ова прашање да се реши со здружени сили“, истакна Брнабиќ.
Претседателот на Комисијата за исчезнати лица на Владата на Србија, Вељко Обрадовиќ, наведе дека поминале 27 години од почетокот на првите судири и првите страдања и првите исчезнувања.
Според неговите зборови, Србија сака да се почитуваат меѓународните правила и сите да се однесуваат во согласност со нив. Тој побара и пристап до архивите на меѓународните институции.
„Јас верувам дека ќе имаме еден нов залет, без оглед на разликите во регионот, дека на крај ќе преовладее свеста дека се исто семејствата што бараат - семејствата на Србите, семејствата на Албанците, семејствата на Хрватите и семејствата на Бошњаците и сите семејства кои бараат исчезнати имаат иста судбина, ист агол на гледање и исти барања“, заклучи Обрадовиќ.