Andjelija Stojkovic
15 Јуни 2017•Ажурирај: 16 Јуни 2017
БЕЛГРАД (AA) – Манадатар за состав на новата Влада на Србија е Ана Брнабиќ, соопшти денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ, јавува Anadolu Agency (AA).
Вучиќ изјави дека е уверен во стручните и личните квалитети на Брнабиќ, како и дека таа ќе работи добро.
Тој додаде дека одлуката за премиер не била лесна, но дека ја донел во согласност со интересите на Србија и идеја со работа и енергија да се дојде до добри резултати за Србија и граѓаните.
„Идниот премиер мора да придонесе во растот на стапката на вработеност. Неопходно е да се завршат објектите за јавна намена. Во областите од здравство до образование е неопходно многу нешта да се уредат за да бидат спроведени реформите. Неопходно е да да продолжи континуитетот со политиката на (досегашната) Влада на Србија", рече Вучиќ на конференцијата за новинарите.
Тој рече дека Србија Мора да ја зајакне меѓународната позиција и на Истокот и на Западот.
Вучиќ рече дека изборот на Брнабиќ, која е непартиски кандидат не е пораз за Српската напредна странка (СНС).
Одлуката за тоа Брнабиќ да стане премиерка мора да ја донесе Собранието на Србија.
Брнабиќ е родена 1975. година. Била претседателка на Управниот одброр на Националната алијанса за локален економски развој.