Besar Ademi
13 Септември 2018•Ажурирај: 13 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Дитмир Бушати кој престојува во официјална посета на Република Македонија, изјави: „Ги повикувам сите граѓани во Македонија, без оглед на етничките или политичките разлики, да го поддржат овој процес, кој е важен не само за Скопје и Атина, туку и за безбедноста на целиот регион", јавува Anadolu Agency (AA).