Alma Çekovic
11 Јули 2017•Ажурирај: 11 Јули 2017
СРЕБРЕНИЦА (АА) - Европската унија (ЕУ) е формирана со цел на тлото на Европа никогаш повторно да не се повторат масовни убиства и геноциди, но во тоа пред 22 години не успеа и заради тоа сите сме одговорни, порача амбасадорот Ларс-Гунар Вигемарк, шефот на делегацијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, во својот говор на комеморацијата по повод одбележувањето на 22-годишнината од геноцидот во Сребреница, јавува Anadolu Agency (AA).
„Денес им оддаваме почит на жртвите од геноцидот во Сребреница. Пред повеќе од две децении, во срцето на Европа, пред наши очи се случи трагедија поради која денес името Сребреница предизвикува слики на семејства кои беа насилно одвоени, мажи, момчиња, од кои најмладите имаа 15 години кои се систематски убивани, додека жените останувале во страв. Нашите мисли денес се со преживеаните, семејствата и со пријателите на шехидите (загинатите лица)“, рече Вигемарк.
Тој порача дека мрачните денови од пред 22 години никогаш не смеат да се заборават.
„Живееме во свет каде што вистината и фактите се предмет на манипулации, каде што владеењето и почитувањето на основните човекови права се занемаруваат за сметка на тесните националистички интереси, краткорочните политички добивки. Заедничка должност на целата меѓународна заедница којашто е собрана денес тука e да го паметиме она што се случи овде“, порача Вигемарк.
Тој потсети дека ЕУ е воспоставена токму за на европско тло никогаш повеќе не се повторат масовните убиства и геноциди.
„И покрај тоа, пред 22 не успеавме и сите сме одговорни за тоа. Одговорни сме и за тоа никогаш да не се повтори. Важно е да запаметиме за никогаш повторно да не се случи геноцид, ниту овде ниту на друго место. Но, тоа не е доволно. Потребно е и идните генерации да ги учиме за тоа што се случуваше. За да би оделе напред, мораме да се свртиме и назад. Иако само името Сребреница нѐ потсетува на невино настрадани жртви, еден ден, се надевам, името Сребреница ќе предизвикува слики за успешна економија, за општина и заедница која работи за сите свои граѓани“, рече Вигемарк.
Според него, таквата иднина бара континуиран дијалог, храброст и решителност, затоа неопходно е помирувањето.