СРЕБРЕНИЦА (AA) - Весна Бешиќ-
Меморијалниот центар Сребреница- Поточари, е нем сведок на сребреничкиот геноцид извршен во јули 1995 година над недолжните цивили на тоа подрачје. Се состои од мезарите (гробишта) и Фабриката за акомулатори, имено, сакралната и меморијално-комерцијална компонента.
На едниот дел од мезаритe e Sидот на сеќавање на кој се испишани имињата на 8.372 жртви од сребреничкиот геноцид, но и белите надгробни споменици поредени еден до друг со имињата на татковците, синовите, чичковците ...
Од другата страна поранешна Фабрика за акумулатори, некогашниот гигант кој вработуваше околу 470 лица, а денес е спомен обележје на сите жртви од сребреничкиот геноцид.
Фабриката за акумулатори во Поточари, зградата од предвоениот период која ја користеше Холандскиот батаљон UNPROFOR како свое седиште 1994 и 1995 година место е каде Сребреничаните во јули 1995 година мислеа дека ќе најдат спас, но за повеќето нив тоа беше место каде ги преживеаа последните моменти од својот живот.
Со уредбата која 2003 година ја донесе високиот претставник Педи Ешдаун, утврдено е дека оваа локација треба да му припадне на Меморијалниот центар Сребреница- Поточари.
Меморијалниот центар официјално го отвори поранешниот американски претседател Бил Клинтон во септември 2003 година. Тој ден погребани се 107 жртви од геноцидот.
Директорот на Меморијалниот центар Мерсед Смајовиќ во разговор за Аnadolu Agency (AA), зборуваше за меморијалниот центар и за тоа што тоа подрачје претставуваше некогаш за Сребреница.
Меморијалниот комплекс се состои од два дела. Првиот дел е овој сакралниот, каде се врши закопување на посмртните остатоци на идентификуваните лица. Вториот дел од Меморијалниот комплекс зазема површина од некои 120.000 метри квадртни, а тоа е поранешната Фабрика за акумулатори Сребреница.
„По потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор кој претставува рамковен договор за мир во БиХ се пристапи кон трагање за исчезнатите лица од тоа подрачје. Тука, најблиските и најмилите се виделе за последен пат", раскажа Смајловиќ.
На предлогот на мајките на жртвите од геноцидот беа на разгледување неколку локации за мезарите, но тие побараа оваа локација да се одреди за спомен обележје и мезарите на жртвите кои ќе бидат пронајдени и кои биле и пронајдени во масовните гробници.
„На таа основа, високиот претставник во БиХ, Волфганг Петрич 2000 година, донесе одлука со која ова место го одреди како локација за спомен обележје и мезарите на жртвите на геноцидот кои ќе бидат ексхумирани и идентификувани. Инаку овој сакрален дел, како ние го нарекуваме, зазема површина од 44.000 метри квадратни со централен дел-мусала и Sид на сеќавање на кој се испишани имињата на сите исчезнати од тоа подрачје, нив 8.372. Земјиштето на кое се наоѓаат мезарите некогаш беше приватно, а во поранешна Југославија го користеше Земјоделски комбинат и на крајот е доделено на тогашната фондација 'Сребреница–Поточари' ", рече Смајловиќ, говорејќи за мезарите кои се наоѓаале во рамките на комплексот.
Поранешната Фабрика на акумулатори Сребреница ја изгради тогаш моќниот Енергоинвест во период од 1978 до 1982 година после што влезе во пробно производство.
„Вработуваше до 470 работници кои имаа добра заработка и добро живеаа. Фабриката е работена на високо технолошко ниво за тоа време. За своите десет години не е забележан ниту еден случај на професионално заболување иако основните компоненти биле оловото, сумпорна киселина, пластика ... Денес со тага гледаме на оваа фабрика во која некогаш и работев. Ситуацијата денес е тотално сменета. По војната која се случи и геноцидот кој се се изврши, тажна е сликата", раскажа Смаиловиќ.
Посетителите, како што рече, доаѓаат, гледаат и не можат да веруваат.
„Меморијалниот центар Сребреница- Поточари треба да биде место на сеќавање на сите жртви на геноцидот, за да никогаш, никому не му се повтори она што се случи во Сребреница, но воедно да биде и место на опомена", истакна Смајловиќ.
Потсети дека 2008 година е распишан конкурс за идејното решение за Фабриката за акомулатори, а година дена потоа е завршена конкурсната процедура.
„Најдобрите експерти кои БиХ ги има извршија избор на решенија и реализацијата на тој проект е во тек. Досега во поранешната Фабрика за акумулатори направена е спомен соба или како ја нарекуваме 'Црна соба', а која се состои од два кубуси. Во едниот кубус се прикажува филм за страдањата на Сребреничаните во текот на 1995 година, а вториот содржи 20 изложбени кутии или излози во кои се наоѓаат фотографии и животопис на жртвите од тој период како и предмети кои се најдени во гробниците во прилика на ексхумација", појасни Смајловиќ.
Според неговите зборови, со Холанѓаните во текот на реализацијата на проектот Музеј на холандскиот батаљон.
„Направени се архитектонско-градежните работи во зградата каде беше сместена командата на Холандскиот батаљон (DUTCHBAT). Сега остана да направиме експонати за изложба, да се види како конечно тоа ќе изгледа. Тоа е долга и макотрпна работа, а отприлика се наоѓаме при крај и се надевам дека ќе го завршиме до Нова година и ќе го отвориме за посетителите. Тука исто така ќе можат да се видат настаните кои се случувале 1995 година во Сребреница. Во таа соба би можело да се наоѓа сешто, од експонати каде беше смештен командантот Томас Кареманс и неговиот помошник", порача Смајловиќ.
Со сукцесивно копање на неколку стотици жртви секоја година, ова мезарје е воспоставено како место на зачувување на сеќавањето на масакрот во Сребреница. Во Меморијалниот центар Поточари досега се закопани 6.377 жртви на геноцидот.