Dzihat Aliju
13 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
БИТОЛА (АА) - Во Битола беше организирана комеморативна седница по повод 119. години од дипломирањето во Средното воено училиште на големиот турски лидер, Мустафа Кемал Ататурк, јавува Anadolu Agency (AA).
На комеморацијата во поранешното Средно воено училиште во Битола, кое денеска е Градски музеј на Битола, учествуваа заменик-министерот за одбрана на Македонија, Беким Максути, Салих Мурат, член на Уставниот суд на Македонија, генерал Мухамед Рецај, заменик-началник на Генералштабот на Македонија, Тулин Еркал Кара, амбасадор на Република Турција во Македонија, делегација на Турските вооружени сили под водство на генерал Нерим Битлислиоглу, пратеници, претставници на турските иснтитуции и организации во Македонија и други гости.

На церемонијата која започна по едноминутно молчење и интонирање на химните на двете земји, прв се обрати генерал Битлислиоглу, кој рече дека Македонија, земјата каде што Ататурк го завршил средното воено образование, истовремено е и земја во која се родени и израснале голем број команданти и државници кои го дале својот придонес во формирањето на Република Турција. Тој додаде дека Македонија во исто време има посебно значење и во турската литература.
Зборувајќи дека најзначаен елемент во турско-македонските врски претставува заедничката историја, генерал Битлислиоглу, истакна дека Средното воено училиште во Битола претставува значајна образовна институција која дала свој придонес во развојот на карактерот на Ататурк.
Генерал Мухамед Рецај, заменик-началник на Генералштабот на Македонија истакна дека денеска, уште еднаш се потсетуваме на ликот и делото на големиот лидер, визионер, соединувач и државник Ататурк.
Зборувајќи дека во светската историја големите лидери се споменуваат според делата што ги оставиле зад себе, генерал Рецај истакна: „Битола, Средното воено училиште и држаникот Ататурк се творци на мостовите на пријатество меѓу двете земји. Постоечката соработка меѓу Армијата на Република Македонија и Армијата на Република Турција уште појасно ги прикажуваат пријателските односи меѓу двете земји.
Генерал Рецај посочи дека создадените воено-дипломатски односи, овозможените грантови и можности за обука на членовите на македонската армија во Турција се пример на нераскинливите односи меѓу двете земји и армиите.
Амбасадорката Кара во своето обраќање рече дека периодот 1896-1899 година, кога Ататурк се образувал во Средното воено училиште во Битола, не влијаел само врз неговата воена генијалност, туку имал значаен придонес и врз развојот на неговиот карактер и културно гледиште.
Амбасадорката Кара истакна дека не случајно Битола го дава својот придонес во развојот на идеалите и разбирање на современите цивилизации кај личностите кои зазедоа значајно место во турската историја и кои дадоа правец на нејзината иднина, бидејќи во Османлискиот период, Битола претставува напреден и културен центар, град на конзули, со карактер на културен мозаик во кој и денеска доаѓаат луѓе од сите страни на светот.
„Всушност не само Битола, цела Македонија е еден мозаик, исклучителен пример за целиот Балкан, каде што различни култури и идеологии на едно место живеат во мир. Заштитата на стабилноста и просперитетот на Македонија, која е огледало на Балканот, е важна за Турција, бидејќи двете земји имаат заедничка историја и културни врски. Уште еднаш со задоволство би сакала да потврдам дека во име на мирна и заедничка иднина, како пријателски и братски држави, секогаш ќе бидеме рамо до рамо со Македонија“, истакна амбасдорката Кара.
Амбасадорката Кара потсетувајќи дека за одржување на Турција и мир во регионот, Турските вооружени сили водат борба против терористите во Африн, додаде: „Сакам да ги поздравам и да ја искажам сета почит кон нашата славна војска и храбрите војници кои во Африн водат несебична борба и сите синови на Турција што ги дадоа своите млади животи за татковината. Турција, како и во минатото, и во иднина ќе стои исправена пред сите терористички организации и одлучно ќе ја продолжи својата борба против сите терористички организации. Ние сме уверени дека и нашите пријатели нема да ја штедат својата поддршка во нашата борбата против тероризмот.“
Во име на кадетите, во рамки на церемонијата, кадетот Омер Фарук прочита поезија, по што беше посетена спомен-собата на Ататурк во Градскиот музеј на Битола.