Bekim Laci
13 Март 2018•Ажурирај: 14 Март 2018
СКОПЈЕ (АА) - Американската админситрација е, и ќе биде повеќе вклучена во спорот со името помеѓу Македонија и Грција, но договорот треба да биде резултат на усогласување меѓу Скопје и Атина, истакна денес во Скопје помошникот државен секретар за европски прашања на Стејт Департментот на САД, Вес Мичел, јавува Anadolu Agency (AA).
За време на денешното престојување во Скопје, во рамките на неговата балканска турнеа, Мичел беше пречекан на средба од страна на премиерот на Македонија, Зоран Заев, кој по средбата рече дека упатил благодарност до гостинот поради американската помош којшто никогаш не изостанувала за Македонија од нејзината независност.
Заев нагласи дека го информирал американскиот претставник дека политичарите на Балканот сега ги напуштиле старите политики на тој начин за да им овозможат на граѓаните посветла иднина, која се одразува и во Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, за што земјата очекува дека во јуни ќе добие датум за отварање на преговорите, како и полноправо членство во НАТО.
„Отоврената покана за нашата земја да ја затвориме со полноправно членство во Алијансата на Самитот на НАТО во јули. Во оваа насока, со помошниот државен секретар Мичел разговаравме и за најновите моменти од разговорите со Грција, за проблемот што нашиот сосед го има со нашето уставно име. Го изразив моето лично уверување дека ја отпочнуваме фиалната фаза која на крајот ќе донесе достоинствено решение на ова прашање", рече Заев.
Американскиот дипломат, Мичел, истакна дека со премиерот Заев разговарале за спорот околу името, за членството во НАТО и ЕУ, но и за регионалната безбедност и економската соработка на САД и Македонија.
Мичел рече дека за време на средбата упатил благодарност до Македонија во име на САД за дадениот придонес во мисиите на НАТО во Авганистан, и дека ја повторил американската поддршка за членстовото на Македонија во НАТО и ЕУ.
Што се однесува до спорот со името меѓу Македонија и Грција, Мичел нагласи дека се отвараат нови можности за решавање на спорот, и има особено значење она што вратата на НАТО останува отворена, со активна покана од 2008 година.
Мичел истакна дека американската администрација останува ангажирана за решавање на спорот со името, но, како што рече тој, договорот треба да се постигне меѓу Скопје и Атина.
„САД ги поддржуваат Македонија и Грција за да се изнајде решението, но единственото решение ќе биде заедничко решение. Со ангажираноста во преговорите со Грција, Македонија презеде големи чекори, што претставува добра можност за изнаоѓање решение. Наскоро ќе го имаме Самитот на НАТО, но поканата не е одредена со точен датум“, рече Мичел, и додаде дека тој, но и американската админситрација ќе продолжат да бидат вклучени во овој процес.