Elvır Hodzıc
30 Декември 2020•Ажурирај: 30 Декември 2020
ЗАГРЕБ
Билансот на смртно страданите лица во денешниот земјотрес во Хрватска е зголемен на седум, јавува Агенција Анадолија (АА).
Градоначалникот на општината Лекеник Ивица Петровиќ за хрватските медиуми потврди дека безживотното на машко лице е извлечено под урнатините на црквата Св. Никола и Вида во Жажина.
Телото е извлечено по шестчасовно пребарување и тоа е седмото лице кое во земјотресот во Хрватска го загуби животот.
Хрватските медиуми јавуваат дека во урнатините на црквата загинал органист кој во моментот на земјотресот се наоѓал во црква и ги чистел оргулите, кои биле погодени од земјотресот.
„Иако потрагата во урнатините и понатаму трае, со тага јавуваме информации за смртно страдани: девојче во Петриња и 5 машки лица во Мајски Полјани. Најмалку шестмина повредени и 20 полесно повредени", соопшти претходно денеска хрватското МВР.
Во тек се акциите на пребарување и спасување од урнатините.
Земјотресот се почувствува и во БиХ, но и во другите соседни земји, дури и до Германија.