Tonguçnaz Seleme Baştürk
07 Февруари 2016•Ажурирај: 09 Февруари 2016
ПЕКИНГ (АА) - Спасувачите ја продолжуваат потрагата по 123 лица исчезнати во земјотресот, кој вчера наутро го потресе јужниот дел на Тајван, јавува Anadolu Agency (AA).
Според последните информации, во силниот земјотрес со магнитуда од 6,4 степени според Рихтеровата скала загинаа најмалку 23 лица.
Повеќето од нив загинаа во градот Tајнан, поради уривање на зграда од шеснаесет ката со вкупно 300 станови.
На местото на несреќата спасувачите успеале да спасат три лица, меѓу кои едно момче и неговиот татко.
Градоначалникот на Tајнан, Вилијам Лаи, рече дека приоритет е спасувањето на граѓаните кои останаа затрупани во урнатините.
Во вчерашниот земјотрес повредени се најмалку 500 луѓе.
Во земјотресот што го погоди Тајван во 1999 година, со магнитуда од 7,6 степени според Рихтеровата скала, загинаа повеќе од 2.300 луѓе.