Elena Trenchevska Chekovic
02 Септември 2021•Ажурирај: 03 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 760 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 178.159, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 23 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 5.987.
Институтот за јавно здравје регистрира 644 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 157.294.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 14.878.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 5.724 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.169.901 тестирање.