Балкан

Во Италија се вратени назад 12 нерегуларни имигранти транспортирани во Албанија

- Дванаесет нерегуларни имигранти, кои беа префрлени во два центри основани од Италија во Албанија, се вратени назад откако судот во Рим одлучи дека не можат да бидат задржани во Албаниј

Eren Beksaç  | 19.10.2024 - Обновена : 19.10.2024
Во Италија се вратени назад 12 нерегуларни имигранти транспортирани во Албанија Фото: Ергис Каваја - АА

ЛЕСКА (АА) - Дванаесет нерегуларни имигранти, кои беа префрлени во два центри основани од Италија во Албанија, се вратени назад откако судот во Рим одлучи дека не можат да бидат задржани во Албанија, известува Анадолу.

Бродот на италијанската морнарица испловил со 12-те нерегуларни имигранти од албанското пристаниште Шенѓин и тргна кон Италија.

Албанските власти сѐ уште не дадоа изјава по ова прашање.

Римскиот суд одлучи дека 12 нерегуларни имигранти кои биле однесени во два центри основани од Италија во Албанија, не можат да бидат задржани во Албанија.

Судот не одобри нерегуларните имигранти дојдени од Бангладеш и Египет да бидат задржани во овие центри.

Италијанската новинска агенција АНСА објави дека се очекува 12 нерегуларни мигранти да бидат вратени во Бари, Италија.


- 4 од 16 нерегуларни мигранти претходно од Албанија беа вратени во Италија

Група од 16 нерегуларни мигранти, од кои 10 од Бангладешци и 6 од Египет, беа донесени во пристаништето Шенѓин во Албанија на 16 октомври со бродот Либра на италијанската морнарица. Четворица од нив се вратени во Италија бидејќи двајца биле под 18-годишна возраст, а другите двајца биле болни. Италијанските медиуми објавија дека во центарот во Албанија останале 12 нерегуларни мигранти.

Во согласност со договорот меѓу двете земји, предвидено беше во центрите во Албанија да бидат префрлени само машките нерегуларни имигранти кои се здрави и на возраст над 18 години, спасени на море од страна на италијанските безбедносни сили.

Овие луѓе требаше да бидат задржани во овие центри сѐ додека не се финализираат нивните барања за азил, а оние чии барања ќе бидат одбиени, ќе бидат испратени во матичните земја.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.