Barış Seçkin
15 Мај 2020•Ажурирај: 16 Мај 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 242 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 31.610, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната заштита на оваа земја.
Според соопштението, во земјата моментално има 72.070 активни случаи на коронавирус, додека вкупниот број случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 223.885.
Денес се излекувани 4.917 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 120.205 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 242 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 31.610 лица.
Според соопштеното, 808 лица се наоѓаат на интензивна нега.
Досега во Италија се направени 2.875.680 тестирања за Ковид-19.