политика, Балкан

Во Приштина меѓувладина седница на Северна Македонија и Косово

Ова е втора меѓувладина седница на владите на двете земји, првата се одржа во септември 2021 година во Скопје

Agim Sulaj  | 18.11.2024 - Обновена : 18.11.2024
Во Приштина меѓувладина седница на Северна Македонија и Косово Фото: Erkin Keçi/AA

ПРИШТИНА (АА) - Владиниот кабинет на Северна Македонија е примен денес од претставници на Владата на Косово во Приштина, јавува Анадолу.

На средбата што се одржува на периферијата на Приштина, косовскиот премиер Албин Курти го пречека премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски, а по интонирањето на националните химни на двете земји, двајцата премиери ги поздравија министрите на двата владини кабинета.

Членовите на двете влади заедно се фотографираа, а потоа се упатија кон салата за седницата на двете влади, каде што ќе се потпишат заеднички договори.

Според прелиминарните информации, прва тема на меѓувладината седница ќе биде Протоколот за заеднички гранични точки на границата Блаце и Јажинце („One Stop Shop“), што значително ќе ја олеснат комуникацијата и слободното движење на граѓаните и стоката на овие најфреквентни гранични точки меѓу двете земји.

Втора тема ќе биде енергетската соработка меѓу двете земји, како и патниот правец Тетово-Призрен.

Ова е втора меѓувладина седница на владите на двете земји, а првата се одржа во септември 2021 година во Скопје.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.