Furkan Abdula,Fatjon Cuka
20 Мај 2023•Ажурирај: 21 Мај 2023
СКОПЈЕ / ТИРАНА (АА)
Во Северна Македонија и Албанија започнаа процесите за гласање за 2. круг од претседателските избори во Туркије закажани за 28 мај, известува Анадолу.
Гласањето во Амбасадата на Туркије во Скопје започна во 8:00 часот и ќе трае до 22:00 часот.

Турските државјани кои престојуваат или работат во Северна Македонија рано наутро дојдоа во турската Амбасада во Скопје и го искористија своето право на глас.
Турските државјани во Северна Македонија ќе можат да гласаат во Амбасадата на Туркије во Скопје до 21 мај (недела).
Во првиот круг од претседателските избори и изборот на 28. состав на турскиот Парламент во Северна Македонија на гласање излегле 1.765 избирачи.
- Албанија
Гласањето во Тирана, главниот град на Албанија, започна во 8:00 часот по локално време. Според информациите што ги даде амбасадорот на Туркије во Тирана, турските државјани кои престојуваат или работат во Албанија ќе можат да гласаат во просториите на турската Амбасада во периодот од 8:00 до 22:00 часот на 20, 21 и 22 мај.
Во првиот круг од претседателските избори и изборот на 28. состав на турскиот Парламент во Албанија гласале 1.632 избирачи.