Admir Fazlagic
10 Јули 2017•Ажурирај: 11 Јули 2017
СКОПЈЕ (АА) - По повод одбележувањето на годишнината од неуспешниот обид за воен удар во Турција, кој се случи на 15. јули минатата година, за кој е одговорна терористичката организација ФЕТО, како во голем број земји во регионот и пошироко, и во Македонија во знак на сеќавање на овој настан ќе бидат организирани различни активности, јавува Anadolu Agency (AA).
Во организација на Турската агенција за координација и соработка (ТИКА) на неколку фрекфрентни локации низ главниот град на Македонија, Скопје, поставени се билборди на кои пишува „15 јули - Демократијата победи", кои освен на македонски, напишани се и на турски, албански и англиски јазик.
Во рамките на одбележувањето на првата годишнина од неуспешниот обид за државен удар во Турција, во неколку градови во Македонија во текот на наредните денови ќе бидат организирани различни информативни, научни и културни настани.
Исто така, на 15. јули во Скопје ќе биде отворена и изложба на фотографии на Anadolu Agency (AA) направени за време на неуспешниот обид за воен удар во Турција.
Потсетуваме, минатата година на 15. јули, припадниците на терористичката организација ФЕТО се обидоа извршат воен удар, при што убија 250, а ранија 2.193 лица.