Во Скопје се одржа трибина на тема „Републиката и турската литература на 101-годишнината од прогласувањето“
Aмбасадорот Улусој истакна дека во рамките на одбележувањето на 29 Октомври, 101-годишнината од прогласувањето на Република Туркије, се организирани различни активности од страна на надлежните институции под покровителство на Амбасадата
СКОПЈЕ (АА) - По повод 101-годишнината од прогласувањето на Република Туркије, во Скопје беше организирана трибина на тема „Републиката и турската литература на 101-годишнината од прогласувањето“, јавува Анадолу.
На трибината организирана од страна на Консултантството за образование при Амбасадата на Туркије во Северна Македонија, со поддршка на Катедрата за турски јазик и книжевност при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, присуствуваа турскиот амбасадор во земјата, Фатих Улусој, заменик советникот на Консултантството за образование, Џунејт Талха Озјурек, раководителот на Катедрата за турски јазик и книжевност, проф. д-р. Осман Емин, претставници на турските институции во земјата, академската фела и студенти.
Во својот говор пред присутните, амбасадорот Улусој потсети дека во рамките на одбележувањето на 29 Октомври, 101-годишнината од прогласувањето на Република Туркије, се организирани различни активности од страна на надлежните институции под покровителство на Амбасадата.
„Се надевам дека овој настан, кој ќе даде информации за погледот на писателите од оваа земја за турската литература од периодот на Републиката и периодот на Гази Мустафа Кемал Ататурк, ќе придонесе за видливоста на нашата земја и продолжување на постоењето на турскиот јазик во оваа земја“, истакна тој.
Заменик советникот на Консултантството за образование, Џунејт Талха Озјурек, од своја страна, рече дека панелистите ќе дадат вредни информации, нагласувајќи дека литературата од периодот на републиката е изградена врз книжевна традиција градена со векови и секогаш се развивала.
Тој нагласи дека катедрите за туркологија и за турски јазик и книжевност при универзитетите во Северна Македонија имаат голема задача за правилно препознавање на турскиот јазик, култура и литература, негова презентација во академската заедница и негово пренесување на генерациите кои доаѓаат.
Раководителот на Катедрата за турски јазик и книжевност, проф. д-р. Осман Емин, истакна дека како Катедра за турски јазик и книжевност ќе продолжат да образуваат поединци опремени со основните вредности на Републиката, кои истражуваат и даваат придобивки за општеството.
На панелот, чиј модератор беше проф. д-р. Локман Туран, свои излагања имаа и проф. д-р. Мехмет Самсакчи на темата „Турската литература од периодот на републиката“, доцент д-р. Мурат Јусуф Онем на темата „Размислувања за Ататурк во Косово и Македонија“, како и д-р. Јудум Ѓормуш на тема „Писателки од ерата на републиката.“
На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.