Admir Fazlagic
26 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
СКОПЈЕ
Вечерва во Скопје во рамките на музичкиот настан „Звуците на урбан Карпош“ се одржа карантинска забава, јавува Агенција Анадолија (АА).
Настанот се одржа на покривната површина на на Трговскиот центар „Сити мол“, во организација на скопската Општина Карпош, а граѓаните од своите тераси од зградите и од своите домови имаа можност да уживаат во музичкиот избор на диџеј Бабура Јуниор (DJ Babura Junior).
За време на карантинската забава, грѓаните слушаа диско хитови и ретро македонска и странска музика.
„Ковид-19 не затвори во нашите домови, но никој не може да го спречи позитивниот дух, енергија и музика", објавија од Општина Карпош на нивната официјална страница на социјалната мрежа Фејсбук, споделувајќи го овој настан со граѓаните.
Инаку, поради владините мерки за спречување на ширењето на коронавирусот, на целата територија на Северна Македонија ограничено е движењето на граѓаните, односно се спроведува полициски час, во работните денови од 19 до 05 часот наутро.
Според најновата одлука на Владата, за време на викендите забраната за движењето почнува од 15:00 часот во сабота, а трае до понеделник до 05:00 часот наутро.