Ekipa
05 Јануари 2021•Ажурирај: 06 Јануари 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 580 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 84.709, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 9 лица, со што билансот на починати од овој вирус се искачи на 2.559.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 572 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 64.104.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 18.046.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.431 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 407.539 тестирања.