Zlatan Kapic
10 Март 2020•Ажурирај: 10 Март 2020
БЕЛГРАД (АА) - По тестирањето на примероците од пет лица резултатите покажаа дека двајца се позитивни и тројца негативни на новиот вид коронавирус, Ковид-19, соопшти српското Министерство за здравство, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со тоа бројот на заразени со коронавирусот во оваа земја се зголеми на четири.
„До 10 март 2020 година, во Националната референтна лабораторија на Институтот „Торлак“ тестирани се вкупно 108 лица што ги исполнуваа критериумите за дефинирање на случаите“, се наведува во соопштението на Министерството.