Besar Ademi
23 Февруари 2016•Ажурирај: 23 Февруари 2016
ГЕВГЕЛИЈА (АА) - Воз со 80 бегалци од Авганистан, како и мал број на економски мигранти од Иран, тукушто се врати од Табановце на македонско-грчката граница. Бегалците дополнително ќе бидаат транспортирани во Атина, јавува Anadolu Agency ( AA).
Надлежните oргани велат дека авганистанските бегалци се враќаат поради старата процедура за регистрација, додека за економските мигранти од Иран причината е тоа што ја преминале границата со фалсификувани документи.
Некои од авганистанските бегалци не знаат зошто не може да го користат балканскиот транзитен коридор, додека на оние бегалци од Сирија и Ирак им е дозволено да го користат истиот. Останатите се надеваат дека причината е старата процедура за регистрација, а по спроведување на постапката за биометриски патни исправи во Атина се надеваат дека ќе можат да го продолжат патот кон Западна Европа.
„Полицијата не дозволува државјани на Авганистан да поминаат во Србија, тоа го можат само оние од Сирија и Ирак. За иранците веќе е одлучено дека не можат да ја преминат границата, а оние кои веќе поминале се враќаат назад кон Иран”, изјави бегалец од Авганистан.
Од друга страна, економските мигранти кои користеле фалсификувани документи, според органите, ќе се враќаат назад во земјите од каде што дошле.
„Од Србија се враќаат сите, и Ирачани и Сиријци и Авганистанци. Србија не прифаќа никого. Со 6-7 автобуси сите не вратија во Македонија, не знам зошто. Инаку, јас ја преминав границата илегално”, изјави ирански бегалец.
Моментално, македонско-грчката граница е затворена целосно за сите бегалци, додека невладините организации кои се наоѓаат на терен велат дека ќе започне селекција на бегалците и ќе биде дозволено да поминуваат само бегалците од Сирија и Ирак, а со бегалците од Авганистан сè уште не се знае точно што ќе се случи.
Веќе е познато дека од ноември, минатата година, балканскиот транзитен коридор може да го користат само бегалците од Сирија, Ирак и Авганистан, но пред два дена полициските органи на земјите погодени од кризата одлучија да воведат биометриски документи за регистрација на бегалците, од што најмногу беа погодени авганистанските бегалци.