Andelija Stojkovic
10 Мај 2020•Ажурирај: 10 Мај 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во последните 24 часа во Србија се регистрирани уште 82 случаи на коронавирусот, а две заразени лица починаа, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Во последните 24 часа тестирани се 6.059 лица, а од почетокот на епидемијата се тестирани 140.592 лица“, се вели на веб-страницата на Министерството за здравство на Србија.
Вкупниот број на потврдени случаи од почетокот на епидемијата изнесува 10.114, вкупниот број на смртни случаи е 215, а стапката на смртност е 2,13 отсто.
На болничко лекување има 1.380 лица, а бројот на излекувани е 3.006.