Kemal Zorlak
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
ЗАГРЕБ (АА) - Во изминатите 24 часа регистрирани се 67 нови случаи на SARS-CoV-2, со што бројот на моментално заболените (активни случаи) во Хрватска порасна на вкупно 435 лица, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Во соопштението на Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска се наведува дека 60 пациенти се наоѓаат на болничко лекување, додека нема пациенти на респиратори.
Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 2.691 лице заразени со новиот коронавирус, од кои 107 починаа, а 2.152 оздравеа.
Во самоизолација моментално има 2.279 лица. До денес, тестирани се вкупно 77.453 лица, од кои 829 во последните 24 часа.
Потсетуваат дека придржувањето кон сите досега донесени мерки и упатствија е од клучна важност затоа што со одговорното однесување може да се намали ширењето на коронавирусот.