Bakir Tiro
28 Јуни 2020•Ажурирај: 29 Јуни 2020
БЕЛГРАД
Во изминатите 24 часа во Србија како последица на заразување со коронавирусот (Ковид-19) починаа три лица, а регистрирани се 254 новозаразени со Ковид-19 вирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Во Република Србија до 15 часот часот, регистрирани се вкупно 14.046 потврдени случаи на Ковид-19. Од последниот извештај тестирани се 4.905 лица, од кои 254 се позитивни. Вкупната бројка на активни случаи во овој момент изнесува 1.312", соопштија денес од Министерството за здравство на Србија.
Моментално на респиратор е 31 пациент.
Од почетокот на пандемијата во Србија од Ковид-19 починаа 270 лица.